Воскресенье, 19.05.2024, 12:34Приветствую Вас Гость | RSS
Мой сайт
Меню сайта
Мини-чат
Наш опрос
Оцените мой сайт
Всего ответов: 2
Статистика

Онлайн всего: 1
Гостей: 1
Пользователей: 0
Главная » 2014 » Январь » 15 » Роден на денешен ден, Јохан Себастијан Бах :: Синовите на јохан себастијан бах
12:48
Роден на денешен ден, Јохан Себастијан Бах :: Синовите на јохан себастијан бах
синовите на јохан себастијан бах

Веднаш по школувањето, 1703 година, Бах прифаќа да свири во црквата во Вајмар, и така добро заработува. Сепак, работата е проследена и со незадоволство, кавги и спорови околу хорот. Првата композиција ја пишува во Милхаузен каде што работи како оргуљаш две години, 1707 и 1708. Во тие години и се венчава со својата подалечна роднина Марија Барбара, која пее сопран. Продолжува да му се посветува на компонирањето музика, го организира оркестарот, хорот, доживува успех. Но поради влијанието на конзервативните лутеранци, кои се згрозувале од секаква уметност, Бах се враќа во Вајмар на сигурна и мирна работа. Во следните години ги создава своите најпознати дела меѓу кои и Токата и Фуга во Д мол, која денес спаѓа меѓу најпрочуените композиции на сите времиња.

Братот на војводата од Вајмах за кого работи Бах, кнезот Леополд, бил импресиониран од композициите на Бах. Може да се каже дека за Бах во тоа време се наддавале, војводата му ја зголемил двојно платата за да не ја прифати понудата пристигната од Дрезден, а кнезот Леополд му дал висока позиција, капел-мајстор, што било највисок ранг во тоа време што еден музичар можел да го достигне. Бах ја прифатил новата работа и на месец дена завршил во затвор на кој го осудил навредениот војвода.

На дворот на кнезот Леополд, Бах ги создава своите најзначајни дела за флаута, чело и шест Бранденбуршки концерти. Периодот на благосостојба и плодната работа запира со смртта на неговата сопруга. Се жени вторпат. За жал, и кнезот се жени вторпат, со жена што не е заинтересирана за музика и која од неа го одвлекува и кнезот. Згора на тоа, државата имала и големи трошоци за војската, па интересирањето за уметноста паднало во втор план.

Така Бах повторно мора да си бара работа. Благодарение на Бранденбуршките концерти добива место на кантор во Лајпциг. Се сели со својата втора жена Ана Магдалена, и останува тука над 25 години, с до својата смрт. Во Лајпциг ги создава своите главни клавирски дела, над двесте. Почнува да го губи видот во 1745 и тешко патува. Ослабен од операциите на очите, кои му донесуваат потполно губење на видот, Јохан Себастијан Бах умира на 28 јули 1750 година.

И со првата и со втората жена има многу деца, од кои многу биле музички надарени, а четворица од синовите и самите станале композитори, во тоа време дури и попознати од својот татко, кој по смртта едно време бил и заборавен и ретко изведуван.

Дури 80 години по смртта на Бах, големиот успех на „Пасија по Матеј“ повторно го привлекува вниманието кон овој композитор. Се смета дека Феликс Менделсон организирал изведба на оваа пасија, а во 1850 година основано е и Бахово здружение со мисија на собирање и објавување на неговите дела.

Сузана Спасиќ



Источник: www.mkd.mk
Просмотров: 544 | Добавил: suraing | Рейтинг: 0.0/0
Всего комментариев: 0
Форма входа
Поиск
Календарь
«  Январь 2014  »
ПнВтСрЧтПтСбВс
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031
Архив записей
Друзья сайта
  • Официальный блог
  • Сообщество uCoz
  • FAQ по системе
  • Инструкции для uCoz